Обединетите нации ја заменија референцата „Поранешна југословенска република Македонија“, со името „Северна Македонија“ во списокот на признати држави.
Министерството за надворешни работи на 14 февруари ги достави вербалните ноти до Обединетите нации (ОН) со кои информира за настанатите промени со името на земјава.
По тоа следуваше промената.




