„Разочарувачки беше да се види дека за да се добијат гласовите за ратификација на Преспанскиот договор, дека имало наводни договори за амнестија, ако е тоа вистина тоа го поткопува владеењето на правото и кампањата која го мобилизираше граѓанското општество за промена: нема мир без правда.



Владата треба да биде внимателна да го сочува тоа. Важно е исто така да има промена на менталитетот, нема реална промена на менталитетите, истите стари политики фокусирани на партијата уште важат. Рeформите треба да направат вистинска разлика“ – вели поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере во интервју за МИА.

Тој вели дека наместо реформата на јавната администрација, сегашната Влада се чини дека ги повторува ужасните грешки на претходната влада.

Владата треба да биде внимателна да го задржи фокусот на реформите. Ова се реформи кои ќе направат разлика за општеството пошироко, порачува Фуере.