По претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја, биле спроведени оперативно-тактички мерки да се спречат намери за извршување на терористички акт на територијата на Република Северна Македонија од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС, информира Министерството за внатрешни работи, дознава НОВА ТВ.
На неколку локации на територијата на државата извршени се претреси при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можниот напад, соопштуваат од МВР.





