СЈО истражува видни функционери на СДСМ (ВИДЕО)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски објави досега непознати информации за активности на СЈО во кои се истражуваат највисоки функционери на владачката СДСМ.



Во интервју за “Економски Лидер” Николовски вели дека премиерот Заев за истекот на покренувањето на обвиненија од СЈО се сети дури оваа година иако мандат траеше до јуни 2017 година.

Тоа е така поради тоа што на премиерот му одговараше континуиран политички прогон, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Николовски, Заев го покрена алармот за мандатот на СЈО, откако се отворија предмети како „Империја“, за случаите на ДУИ, но и за некои високи функционери на СДСМ, кои сеуште се во почетна фаза.

,,Има предистраги за неколку видни функционери од СДСМ, на највисоки министерски позиции”, изјави Николоски, кој откри дека овие активности на СЈО на јавноста сеуште не и се познати.

Целото видео на овој линк