Три малолетни лица вчера ја оштетиле фонтаната на плоштадот магнолија во Битола, откако демонтирале дел од бакарната бордура на штитот на фонтаната.



Сторителите не биле пронајдени, а припадниците на полицијата во близина на фонтаната, во паркот кај Градскиот часовник, пронашле  една украдена бакарна лента со должина од четири метри.