На пазарот нема небезбедни турски мандарини

Нема небезбедни мандарини увезени од Турција, тврдат од Агенцијата за храна, откако во некои земји во соседството беше забранет увоз на ова овошје наводно поради присуство на пестициди.



Инспекциските служби вршат редовни контроли на сите пратки со цитрусно овошје кое се увезува,  а пратки со мандарини овошје од Турција во земјава лабараториски се тестирани во декември лани.

Во Македонија минатата година биле увезени повеќе од 8, 6 милиони килограни мандарини. Најголеме дел од Турција и Грција.