Елена Гускова, доктор по историски науки од Руска академија на науките (РАН), смета дека нејзината земја не ѝ обрнала доволно внимание на Македонија по нејзиното осамостојување.



„Малата Македонија е во многу тешка положба уште од времето на стекнувањето на независноста поради нерешеното албанско прашање. Тие (Македонците – н.з.) секогаш велеа: ‘Па, кога Русија ќе обрне внимание на нас? Чекаме …’. Но, Русија не обрнуваше внимание на нив“, констатира во интервју за рускиот весник „Правда“ раководителката на Центар за изучување на современата балканска криза при Институт за словенски студии на РАН, додавајќи дека „Елцин направи многу грешки во врска со Македонија“.