МВР и Обвинителството чекаат пратеникот Земон да даде информации за саботажа на автобусот

Извори во обвинителството и МВР тврдат дека во овие две институции веќе допрел јавниот глас за можна саботажа за автобусот подготвена од странство, за која јавно зборува пратеникот на владеачката коалиција Рубин Земон.



” Неколку мои пријатели од странство не ја исклучуваат можноста за саботажа на автобусот нарачана од странство! Бидејќи некои анти-НАТО дежурни опинион мејкери одма започнаа со палење на страстите, не треба да се исклучува и таа можност! Да бидеме сите претпазливи сега кога на Македонија и тргна на подобро, на некои сили тоа баш и не им одговара. Се извинувам за оваа мала дигресија во нашата колективната тага, но можеби не е лошо да бидеме и малку “будни” и внимателни”, изјави Земон преку својот фејсбук профил.

Со оглед на тоа што се работи за висок државен функционер и донеодамна советник на премиерот кој имал пристап до сериозни државни документи, во МВР и ЈО очекуваат тој самиот во најбрз можен рок да ги приложи своите информации во рамки на тековните истражни дејствија.

Доколку Земон не се пријави сам тогаш МВР и ЈО ќе мораат да ги искористат своите законски права и обврски за во соодветна постапка да се добијат информациите од Земон.