Котлар: Треба да нè води Мисирковата мисла за македонскиот национализам

Професорката Наташа Котлар од Институт за национална историја (ИНИ) смета дека Македонците во овој неповолен период за нив треба да се водат од македонскиот национализам како што го замислува Крсте Петков Мисирков.



„? Во ова време-невреме, нас Македонците (без homosevernikus) треба да нè води Мисирковата мисла за македонскиот национализам, која е и негова историска мисија. Имено: ‘Беззаветната и безгранична љубов кон Македонија, непрекинатото мислење и работење за интересите на Македонија и полниот конзерватизам во појавите на македонскиот национален дух: јазикот, народната поезија, народниот живот, обичаите – ете ги главните црти на македонскиот национализам“.
[Крсте Петков Мисирков, 1925 г.]“, напиша на својот профил на Фејсбук вонредната професорка и виш научен соработник во Одделение за проучување на периодот на преродбенското и националноослободителното движење.