Одложен завршниот турнир од Купот во кошарка поради трагичната сообраќајка

Завршниот турнир од Купот на Македонија во кошарка за мажи, кој требаше да се одржи претстојниов викенд во Гевгелија, е одложен поради трагичната сообраќајна несреќа во која загина и кошаркарот Јовица Трпевски од учесникот на турнирот Гостивар.



Македонска кошаркарска федерација (МКФ) соопшти дека датумот на одигрување на завршницата од 27. издание на ова натпреварување ќе биде одреден дополнително.

„Ниту еден збор нема да биде доволна утеха за блиските на настраданите. Искрено сочувство до семејствата и до пријателите на загинатите“, се вели во соопштението од МКФ.