На граничниот премин „Богородица“, денеска беше поставен напис со новото име на државата на веќе постојната табла.
Станува збор за налепницата со името Република Северна Македонија напишано на македонски и на англиски јазик.
Од Царинска управа најавија дека во текот на денот ќе бидат заменети таблите и на другите гранични премини.
Новото име стапи на сила од вчера, со пристигнувањето на вербалната нота од грчкото Министерство за надворешни работи и објавувањето во Службен весник.
Бројни новинарски екипи од земјата и од странство присуствуваа на настанот, пишува „Нова Македонија“.




