И дедото на Кирацовски вработен во ЕЛЕМ – Генсекот на СДСМ откако претходно си ги вработи сестрата, бабата, фризерката сега нашол државна работа и за тестот, пишува Лидер.
“Пред да работи во ЕЛЕМ, дедото на Кирацовски беше таксист. Сега, Борче е вработен во “Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци, АД ЕЛЕМ – Скопје”, на позиција магационер. Иако се работи за човек во поодминати години, тој ја завзема оваа работна позиција, која е прилично “легачка”. За сега е вработен преку агенција за времени вработувања, но кај и да е ќе добие решение”, цитира порталот свој извор.
Ова е втор пример на непотизам во семејството на Кирацовски. Минатиот месец, Лидер откри дека Мери Поповска, мајка на сопругата на генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски е ново вработена во „Државниот Ученички Дом Мирка Гинова“ во Битола – дознава „Економски Лидер“ од свои извори во институцијата.





