Покрај актуелната прва дама на САД, Меланија Трамп, уште една Американска со словенечко потекло е заинтересирана да влезе во Белата Куќа – но како претседател на САД.
Ејми Клобучар, чии баба и дедо биле имигранти од Словенија – исто како и првата дама Меланија Трамп –во неделата својата кандидатура за претседател изборите што треба да се одржат 2020 година.
Таа е една од многуте кандидати жени кои најавија кандидатура како што се Камала Харис, Кори Букер и Елизабет Ворен.
58-годишната „сенаторка од соседството“, како што ја нарекува Вокс, со нејзиниот 12 годишен стаж во Сенатот се стекнала со репутација на интелигентна, вредна и прагматична политичарка.
Кога објави својата кандидатура, новинарите ја прашале дали е доволно жилава за да се соочи со Доналд Трамп, Клобучар, инаку позната симбол на љубезноста, одговорила:
„Би сакала да го видам (Трамп) да стои тука на снег еден час и да држи говор“.





