Претседателот Ѓорѓе Иванов, кој е и Врховен командант, не бил поканет на церемонијата на кревање на знамето на НАТО пред владата, дознава Pressing.mk.



Од Кабинетот на претседателот за порталот одговориле: „Не е поканет“

Но, од владата за „Фокус“ велат дека претседателот бил поканет.

Според протоколот за денешната церемонија шефот на НАТО канцеларијата за врски во Скопје, Зоран Јанковиќ, го предаде НАТО знамето на премиерот Зоран Заев, а тој им го врачи на АРМ, по што почна кревањето на знамето со интонирање на химната на НАТО.