Е сега откако го исфрливте целиот насобран гној во душата против Асаф и мене со “албанците се криви” да ви кажам дека ова беше очекувано иако непосакувано.
Имено, уште од самиот почеток некои малициозни и некои корумпирани поединци се трудат да вметнат секакви сопки и скандали за да го понижат министерот и да го тргнат, оти смета.
Смета со тоа што не припаѓа на ниеден клан, со тоа е поправичен и објективен кон сите уметници.
Сите ја следите неговата работа и на неговиот тим, и успехот, како човечки, морален па и финансиски им засмета на баш тие нереализирани души.
Сите засегнати уметници и менаџери на кои што се повикувате се јавуваат да искажат подршка и да кажат дека знаат од кај доаѓа каменот. Од блиску нели.
Така да знаејќи го Асаф он нема да дозволи да неговото име се искали и ќе направи се за да ги реши проблемите на засегнатите менаџери и уметници. Затоа е и министер, нели.
Така да и овојпат нема да ви успее да го сопрете прогресот поради вашите тесни коруптивни интереси.
Со почит,
Висар Вишка
Само советник, ништо друго, во Министерството за култура.





