„Многу е важно дома да не бидеме обезличени, да не бидеме обесчестени.
Кога влегувавте во оваа Влада, таму пишува Влада на Република Македонија, да не мораме тоа да го смениме“.
Ова го изјави премиерот Зоран Заев во интервју за бугарската bTV, минатата година додека траеја преговорите со Грција околу изнаоѓање заедничко прифатливо – како што милуваа да речат политичарите – решение за името на земјата.





