Скандалозните вработувањата на ќерки, синови, братучеди и пријатели на избрани и именувани функционери во државните фирми наидуваат на силни критики за непотизам во јавноста, пишува Сашка Петковска од Истражувачката репортерска лабораторија Македонија, во напис во кој се обидува да одгатене кои министри одлучуваат за предлозите за директори и членови на одбори.



„Кој одлучил или проценил, на пример, дека Моника Зајкова е најдобрата за член на надзорниот одбор на лотарија или дека болнички референт може да биде стане менаџер во лотаријата. Или дека Цветанка Ласкова е најсоодветна да го советува премиерот за култура?

Најголема моќ да именуваат и разрешувааат според деловникот за работа на Владата имаат министрите кои можат да предложат најмногу луѓе на високите  функции: Од директори на државните институции, установи, други органи, своите заменици и секретари, па се до менаџери во државните  компании и членови на надзорни и управни одбори,

Сите предлози за именувања и назначувања се праќаат до надлежна владина комисија која се нарекува владина комисија за именувања која ја сочинуваат министри, без кои не може да има назначувања на директори или советници, покажува истражувањето..

Во оваа комисија членуваат министрите  Оливер Спасовски како претседател и Венко Филипче, Драган Тевдовски, Љупчо Николовски, Кочо Анѓушев, Хазби Лика и Садула Дураку како членови.

На видеото подолу е објаснето како функцонира ова тело.