Португалија ја победи Србија со 2-0 во првиот натпревар од групата Б од Европското првенство за млади фудбалери во која се наоѓа и нашата репрезентација.



Во текот на целиот натпревар се играше израмнет фудбал, а Португалците до победа дојдоа со головите на Гонзало Гуедеш кој ја искористи грешката на српскиот чувар на мрежата Вања Милинковиќ-Савиќ, а капитенот Фернандеш кој стави точка во 88 минута.

Португалија во второто игра со Шпанија, додека пак Србија ќе се сретне со нашата репрезентација.

Вториот натпревар од групата Б помеѓу Македонија и Шпанија е во 20.45.