Писателот Димитар Башевски реагира на одлуките по Конкурсот за проекти од национален интерес во културата за 2019 година и на изјавата на министерот Асаф Адеми кој вели дека „не се мешал“ во нивно донесување.
„Овде се работи за многу сериозни работи кои навлегуваат во меѓуетничкото ткиво кое со толку грижа сакаме да го држиме здраво“, вели Башевски во колумна за „Либертас“
„Со одлуките кои се донесени и објавени и коментирани, Министерот во пракса (повторувам: нека не каже дека тој не се меша!) го оневозможува нормалното функционирање на редица важни „македонски“ културни институции, а ги поттикнува и ги наградува „албанските“.
Врз кои критериуми?
Еден најбегол поглед покажува дека не се работи за културни вредносни критериуми, туку во игра е политиката на поделба на „наши“, и „нивни“. Тука е она што најмногу боли. Со тоа, Министерот ги потценува и своите албански културни дејци: тој има потреба да се наднесе над нив како патрон“ – пишува Башевски.





