Што со другиот дел од оградата околу Влада? (ФОТО)

Отстранувањето на железната ограда од пред Влада наиде на различни реакции во јавноста. Едни го поздравија остварувањето на едно од предизборните ветувања на СДСМ, други реагираат со негодување на „растурањето на веќе направеното“ и на нагрдениот изглед откако на просторот пред Влада останаа „голи“ столбови.



Сега, поединци прашуваат дали ќе се отстранува и другиот дел од оградата.