Македонија ќе менува и имиња на улици

„Во понеделник ќе биде испратена Вербална нота што ќе информира за ратификацијата на договорот и во продолжение Северна Македонија ќе ги информира ОН, но и сите земји членки што ја признаа под уставното име, така што од сега па натаму признавањето да биде со новото уставно име“ изјави за новинската агенција АНА-МПА заменик министерот за надворешни работи на Грција Јоргос катругалос.



Тој објаснува кои се натамошните чекори во врска со имплементација на Договорот од Преспа, односно обврските на Македонија.

 „И секако, од понеделник започнуваат нејзините обврски, во внатрешноста да ги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име, како што беше договорено“, објаснува Катругалоскако што пренесе МИА.

Одгоарајќи на прашање дали од следната седмица Македонија ќе биде обврзана да го користи новото име, Катругалос со потврден одговор додававајќи дека Договорот од Преспа е јасен во однос на тоа.