Лидерот на најголемата опозициска партија инсистира власта да го прифати неговото барање за одржување на предвремени избори заено со претседателските.
Рокот за 100 дена техничка влада според Пржинскиот модел веќе истече, но првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ,Мицкоски инсистира парламентарни избори да парламентарни, заедно со претседателските избори да има на 5 мај.
Во таков случај, парламентарните избори би биле распишани со скратени рокови од најмалку 60 дена пред изборниот ден, со цел парламентарните да се одржат во вториот круг заедно со претседателските.
Од опозициската партија велат дека СДСМ бега од предвремени парламентарни избори затоа што му е страв. ВМРО-ДПМНЕ бара да се распишат предвремени парламентарни избори најдоцна до недела, дознава 24 вести.
„Македонската јавност веќе неколку недели е во исчекување СДСМ да го каже својот став во однос на предвремени парламентарни избори и очекува Зоран Заев да се охрабри и да донесе конечно одлука дали е подготвен да оди на избори“ соопштуваат во ВМРО-ДПМНЕ.




