Ахмети се пишмани, пак сака заеднички кандидат со СДСМ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети по средба со премиерот Зоран Заев вели дека сепак ќе се разгледува опцијата на претседателските избори двата коалициони партнери да излезат со кандидат.



„Одржав средби со претседателот на најголемата партија во земјава г. Зоран Заев и ја анализиравме целата ситуација и остана јас да дискутирам, да го отворам како прашање во партиските органи и да се види можноста за некаков пат за санирање на недоразбирањата кои се случија меѓу нашите партии, за да можат да се надминат.

И за доброто на земјата би било да имаме заеднички кандидат и да се разговара со сите политички субјекти за да се постигне консензус“, рече Ахмети, пренесува Алсат.

Ахмети очекува да се надминат недоразбирањата меѓу ДУИ и СДСМ, за да може да се дискутира за конкретни имиња.

Деновиве, во врска со најавата на СДСМ дека ќе го избере кандидатот за избори на конгресот на 3 март, тој отфрли можност за договор.