Во гостување на Радио „Канал 77, професрот Љубомир Фрчковски реагираше на одлуките на министерот за култура Асаф Адеми да бидат скусени или вооппшто да не бидат предвидени средства за значајни фестивали и културни манифестации.
„Депримира нивото на култура кај министерот за култура. Нема тука никакво оправдување. Кај културата сите сме чувствителни.
Ние немаме баталјони економии, но имаме култура која е на рамниште со нациите кои се поголеми од нас“, вели Фрчкоски.
Министерот Адеми е цел на критики поради скандалозната распределба на државни средства преку Министерството за култура.





