„Министерство јас не сум магионичар! Јас сум уметник и директор кој сака да работи без скршени крила“, напиша на својот фејсбук профил. Реакцијата следуваше откако



Со програмата на Министерството за култура за оваа година, не бил предвиден ниту еден денар за Интернационалниот фестивал на монодрама од Битола, манифестација која постои веќе 21 годуина.

Ова беше причина за реакција на директорката директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска-Илијевски.

„Министерство јас не сум магионичар! Јас сум уметник и директор кој сака да работи без скршени крила“, напиша на својот фејсбук профил.

„21 година Фестивал на Монодрама, член на интернационален форум „One man show“ под УНЕСКО, оваа година не доби средства во годишната програма на Министерството за култура. Прво мислев дека не можам да го најдам, потоа дека е некоја грешка во објавувањето на програмата. Значи на крај е сепак 0 денари“, напиша директорката, пренесува порталот СДК.