Милошоски го фати во тесно шефот на Европскиот совет Доналд Туск

Откако на средба со премиерката на Романија Виорика Данчила изјави дека е старомоден но смета дека судот а не политичарите се тие што одлучуваат за вина на криминалци, шефот на Европскиот совет Доналд Туск доби порака од Македонија.



“Вие не сте старомоден туку имате двојни стандарди. Затоа што кога премиерот Заев воведе селективен Закон за амнестија со цел “да убеди” 8 пратеници за да се смени уставот, вие верувавте дека амнестија е за политичари а не за судиите да одлучуваат кој е виновен а кој е невин”, му напиша на Туск екс шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.

Туск се уште не одговорил на забелешката на Милошоски кој е актуелен шеф на собраниската комисија за надворешна политика.