Собранието, на денешната пленарна собраниска седница ќе треба да го потврди изборотот на членовите и за претседателот на Антикорупциската комисија.
Билјана Ивановска за претседател и Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеновски, Шемши Салаи се кандидатите за за членови на новиот состав на новата Антикорупциска комисија и за избор потребно е двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници.
Претходно, Комисијата за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно ја утврди предлог листата од пријавените 57 кандидати.





