Професорката Гордана Силјановска, еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за иден шеф на државата, на својот Фејбук профил се осврна на татко ѝ, учесник во НОБ, носител на три ордени и нејзина инспирација за нејзина кандидаура за иден шеф на државата.
„Ова е Александар Силјановски (лево). Мојот татко. Тој е инспирацијата за мојата кандидатура.
Александар во НОБ отишол на 19 години. Бил борец во Македонско-косовска ударна бригада, курир на Петар Брајевиќ, учесник во Февруарски поход и делегат на Младинскиот конгрес во Фуштани, Егејска Македонија.
На сликата носи 3 ордени. Едниот за ослободување на Кичево (прв ослободен град во Македонија) и два за битки во Февруарски поход. Александар се бореше за Македонска држава!
Јас не отстапувам од неговиот пат!“, напиша Силјановска.





