Пратеничката Емилија Александрова, една од  „одметнатите“ од  ВМРО ДПМНЕ и чија ќерка се вработила во Фондот за иновации, била зачудена од тоа како медиумите известуваат за децата на јавните личности.



Весна „Бејби“ Петрушевска реагираше на ова на нејзиниот Фејсбук профил потенцирајќи дека пратениците не се јавни личности туку избраници од народот кои земаат плата за да ги застапуваат и штитат интересите на народот.

„ Не дечки не сте привилегирани по ниту еден основ ниту имате право да ги вработувате вашите деца со стекнатите привилегии“- напиша актерката.

И Крешник Бектеши, министерот за еконимија чија сестра е вработена во МЕПСО тврдел дека немал никакво влијание при нејзино вработување.

Уште еден актуелен случај на непотизам  деновиве е и вработувањето на синот на Горан Мисовски, пратеник на НСДП во Агенцијата за супервизија на осигурување.