Кривичен суд не го ослободува Мијалков од вина

Обвинетиот во случајот Тортура, Сашо Мијалков побара да биде ослободен од вина, повикувајќи се на мислењето на Врховниот суд во врска со случаите на СЈО.



Според адвокатите на Мијалков, рокот за подигнување обвинение за овој предмет бил надминат за 20 дена. 

Судијката го одби предлогот на Мијалков и рече дека мислењето на Врховен не е обврзувачко.

Ова е прва одлука на Кривичниот суд во врска со мислењето на Врховниот суд дека СЈО има рок од 18 месеци од примањето на бомбите за подигнување обвиненија и отворање истраги.