Лидерот на „Нзависни Грци“ (АНЕЛ), Панос Каменос, денеска изјави дека доколку неговиот заменик Танасис Папахристопулос не го отстапи своето парламентарно место АНЕЛ до утре, особено пред почетокот на дебатата за „Протоколот за пристап на Северна Македонија кон НАТО”, ќе биде исклучен од парламентарната група на партијата.
Папахристопулос гласаше за Преспанскиот договор, односно против официјалната позиција на неговата партија и рече дека ќе се откаже од својотт мандат.
Сепак, претседателот на парламентот, Никос Вуцтис, побара од него да го задржи своето место до крајот на гласањето за прием во НАТО на соседната земја.





