1,2 милиони евра годишно за членство во НАТО

„Според разговорите кои што ги имавме во НАТО, проценките, калкулациите, некаде околу 1,2 милиони евра ќе придонесува Македонија во буџетот за НАТО“ соопшти вечерва вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во гостувањето на ТВ Телма.



Според министерката за одбрана тоа не е голем износ зашто најголемиот дел од инвестирањето во НАТО е инвестирање во одбраната и во нашата армија.