Професорката Гордана Силјановска денеска ги започна средбите со делегатите од кои ќе бара поддршка пред претстојната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ на која ќе биде избран кандидат за претседател на државата на изборите во април.
Силјановска вели дека се надева дека ќе ги убеди делегатите дека не е погрешно да се појави непартиски кандидат за оваа функција во време во кое, како што рече, не е потребно само помирување туку и обединување.
Професорката засега не ја открива својата програма, но вели дека таа нема да се базира само на статусот и надлежностите на претседателот.
„Без поделба на власт нема демократија, нема спреги и кочници, ниту правна држава…Во рамки на поделба на власта, особено во двоглавата извршна власт, го нема претседателот“, вели кандидатката за иден шеф на државата.




