Претседателот Иванов го поздравува потпишувањето на пристапниот Протокол за членство на земјата во НАТО. Од неговиот Кабинет соопштија дека Иванов „секогаш се залагал за остварување на стратешките цели на Република Македонија“.
Македонскиот претседател смета дека, за жал, останува фактот дека на денешното потпишување на Протоколот му претходеше склучување на договор за промена на уставното име на Република Македонија, кој им нанесе трајна штета на македонските национални интереси“, се вели во соопштението.
Триесеттото место во НАТО Алијансата за Република Македонија беше заслужено, имајќи предвид дека одамна се исполнети стандардите во одбраната и воената подготвеност на Армијата на Република Македонија, како резултат во кој придонес имаат сите Влади на Република Македонија, стои во соопштението на кабинетот на претседателот.





