Бетонските столбови околу Владата ќе останат затоа што се длабоко вкопани – до метар и триесет под земја“, рече денеска портапаролот на Владата, Миле Бошњаковски, по вчерашната одлука на Владата да биде отстранета оградата околу објектот.
„Тргањето на оградата ќе чини нула денари. А за тоа што ќе се прави со неа, ќе донесме одлука откако ќе ги консултираме граѓаните. По консултации со јавноста ќе донесеме заклучок кое ќе биде најдоброто решение“, рече Бошњаковски,.
Не планираме да трошиме пари и на грбот на граѓаните да ги исправаме грешките од претходната власт. Оградата ќе биде сместена во депо“, рече Бошњаковски.
Премиерот Зоран Заев во предизборнта кампања ветуваше дека прво што ќе направи кога ќе дојде на власт ќе ја отстрани оградата и ќе размисли да направи клупи од неа.





