„Ова е историски настан, ја пишуваме историјата со тоа што создаваме посветла иднина во регион полн со историја и конфликти“, порачал министерот за надворешни работи Никола  Димитров во вчерашното обраќање на присутните на Атлантскиот Совет во Вашингтон посветен на зачленувањето на Македонија во НАТО, јавува „Pressing.tv“.



Запрашан од директорот на Атлантски совет, Дејмон Вилсон, што понатаму, и какви „сцили и харибди можат да се појават како резултат на Преспанскиот договор, Димитров убеден дека грчкиот Парламент ќе гласа позитивно за влезот на Македонија во НАТО, „и формално да се затвори прашањето за името”.

Денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе биде потпишан Протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата.

На состанокот ќе присуствуваат сите ополномоштени амбасадори на земјите-членки, а изјави ќе дадат генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Најавено е дека Протоколот во петок ќе биде усвоен во грчкиот парламент.