Американскиот претседател Трамп ќе мора да поднесе нов формален предлог за амбасадор во Македонија.
Трамп е ставен во ваква ситуација откако соодветните тела на Конгресот на САД го вратиле неговиот предлог дипломатот од кариера Кејт Мери Брнс од Флорида да биде нов амбасадор на САД во Република Македонија.
Одлуката е донесена на почетокот на јануари а формалната причина за одбивањето на номинацијата на Трамп се лоцира во параграфот 6 од правилото 31 на деловникот на Сенатотот на САД.
Предлогот на Трамп до комитетот за надворешни работи на Сенатот е испратен на 15 октомври минатата година.
Засега е нејасно дали претставничкиот дом на САД го блокира амбасадорот за Македонија поради судирот меѓу Трамп и Конгресот за ѕидот кон Мексико поради што целата американска администрација беше под блокада или пак се работи за конкретни пречки поврзани со Македонија.
Кејт Брнс во моментов е заменик шеф на амбасадата на САД во Атина.
Амбасадорот Бејли веќе најави дека во март по 4 години мандат заминува од Македонија по што ќе се пензионира.




