Гробот на германскиот филозоф Карл Маркс (1818-1883) на гробиштата во Лондон е осквернавен, соопшти организацијата која ги одржува гробиштата.
Мермерната плоча со имиња е оштетена со метален предмет, особено испишаното име на Карл Маркс, изјави Јан Денгбајел, директор на Друштвото Highgate Cemetery Trust.
Авторот на „Капитал“ и на Комунистички манифест и жесток противник на капитализмот е еден од најпознатите „жители“ на гробиштата во северниот дел на Лондон.
Карл Маркс се преселил во Лондон во 1849 година и живеел таму до неговата смрт во 1883 година.
Првично беше погребан во гробот на неговата сопруга , но во 1956 година е подигнат нов споменик, со голема биста, од Британската комунистичка партија.
„Работниците од цел свет, обединете се!“ е напишано на гробот.
Споменикот веќе бил цел на напад во 1970-тите, кога бил ишаран со боја и слогани.





