Претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хуан Гваидо, изрази благодарност до Македонија за признавањето за привремен шеф на Боливарската република.
„Благодарност до Владата на Македонија за препознавањето на борбата што ја водиме за спасување на нашата демократија. Венецуелците и светот се обединија во еден глас за одбрана на слободата и на владеењето на правото“, објави Гваидо на Твитер како одговор на твитот на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров: „Република Македонија, во согласност со своите европски партнери, го поддржува и го смета претседателот на Венецуелското собрание Гваидо за привремен претседател, во согласност со Уставот, со цел да организира слободни, фер и демократски претседателски избори“.





