Павлопулос пак ја потсети Македонија на обврските

Павлопулос потврди дека Грција ја поддржува европската перспектива на балканските држави кои сакаат да станат членки на Европската унија, бидејќи тоа е, гаранција за мирен соживот, како што рече, на денешната средба со претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, во Загреб,



Во однос на Македонија, тој истакна дека „ние ја поддржуваме нејзината европска перспектива“, при што истакнувајќи дека „оваа перспектива претпоставува целосна и искрена почит кон целото европско право, па оттука и на целото тело на меѓународното право, особено Преспанскиот Договор.
Тој мора да се толкува и имплементира на начин кој не остава никаков елемент на иредентизмот“, вели Павлопулос.

„Како резултат на тоа, секоја контра-тактика автоматски ќе го блокира напредокот на европската интеграција на Македонија“. Рече тој, како што пренесе АНА-МПА.