Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека новиот Клинички центар ќе се гради во Општина Ѓорче Петров, откако таква одлука била донесена на денешната владина седница.



За можни локации на новиот Клинички се разгледувале и  Карпош и Петровец.

„Се бодуваа локациите по соодветна методологија и се избра локацијата во Ѓорче Петров, пред сѐ, поради земјиштето, кое е целосно државно, потоа поради цената на чинење, која е пониска и поради полесниот начин на изведба“, рече Филипче.