Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, утре ќе учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет во Брисел.



На состанокот, на кој е предвидено и обраќање на министерот Димитров,  овластените постојани претставници на земјите членки во НАТО, ќе го потпишат Протоколот за пристапување на Република Македонија во Алијансата.

Ден потоа, во четврток, Протоколот ќе се најде пред релевантната парламентарна комисија, а во петок предвидена е дебата и се очекува Протоколт да биде изгласан и во грчкиот парламент.