Американската невладина организација „Фридом Хаус“ во извештајот за слободата во светот предупредува дека „предизвиците за демократијата“ во САД „се закануваат да ги поткопаат политичките права и граѓанските слободи“ ширум светот.
Групата забележува опаѓање, 13 година по ред, на политичките права и граѓански слободи во 68 земји, а напредок е постигнат во 50 земји.
Во извештајот за 2019 година, Македонија, е оценета за делумно слободна земја.
На скала од еден до седум, каде еден е најслободна, а седум најмалку слободна, е оценета со 3, додека според политичките права со 4, а според граѓанските слободи со 3,5.
Со вкупен скор од 59 поени Македонија годинава се наоѓа во друштво на земји како Украина, Молдавија, Црна Гора, Косово и Мадагаскар.
Во регионот најдобро рангирана е Грција со 87/100, по што следат Хрватска 85/100, Романија 81/100, Бугарија 80/100, Албанија 68/100, Србија 67/100, Црна Гора 65/100, Македонија 59/100, Косово 54/100 и Босна и Херцеговина 53/100.
Според „Фридом хаус“, слободата и демократија веќе 13-та година по ред има тренд на намалување, во повеќе земји во сите региони во светот, од долгогодишни демократии како што се САД, до цврсти авторитарни режими како Кина и Русија.
Од 196 држави во светот опфатени со извештајот, 86 се слободни, 59 се делумно слободни, а 50 не се слободни. Наслободни држави се Норвешка, Шведска, Финска, Канада и Холандија, а најмалку слободни се Сирија, Туркменистан, Еритреја, Јужен Судат и Северна Кореја.





