Ако се подели Косовска Митровица, ќе има војна!?

Градоначалникот на јужниот дел од  Косовска Митровица, Агим Бахтири, тврди дека „ако се допре градот Митровица“, во рамките на договорот меѓу Приштина и Белград, „ќе дојде до војна“.



Бахтири ова го го изјавил на митингот со кои се обележани 19 години од убиството на 10 и ранети  25 Албанци во северниот дел на Косовска Митровица, пренесува Б92.

Приштинскиот „Газета Експрес“ потсетува дека Бахтири е иницијатор и застапник на идејата за „единствена Митровица“, на која остро се противат Србите од Северна Митровица и нивните политички претставници.

Претседателот на косовската Српска листа, Горан Ракиќ, рече дека српскиот народ во Косово со загриженост ги примил најновите закани за војна и ги повика КФОР и Еулекс, превентивно да делуваат за да не се загрози мирот и безбедноста во поделениот град.