Мадуро: Нема да заминам како предавник

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, вели дека нема да ја предаде неговата земја, за да ја исполни желбата на Вашингтон за промена на режимот во Каракас.



За РТ, Николас Мадуро изјави дека нема да дозволи историјата да се сеќава на него како на предавник.

„Не ми е грижа како ќе заминам во историјата, нема да бидам предавник, слаб човек, како човек кој им се свртел грб на историските обврски кон својот народ“, рече тој во интервју за шпанскиот сервис на РТ.

„Ги користам сите средства за комуникација да го замолам целиот свет да го осуди и запре лудилото на Доналд Трамп. Венецуела никогаш нема да се предаде“, изјави тој за РТ.