СДСМ не бара претседател на Северна туку на Република Македонија

Откако опозицијата доби 8 апликации за кандидат за претседател на државата и владеачката СДСМ за претседателските избори кои треба да се одржат на 21 април и петти мај, одлучи својот кандидат да го избере на оглас.



„Со огласот СДСМ ги повикува сите заинтересирани да поднесат кандидатура за Претседател на државата за Претседателските избори 2019 година, а притоа да ги исполнуваат критериумите од Правилникот и роковникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидати за Претседател на Република Македонија за Претседателските избори 2019 година“, се вели во повикот на партијата.

ОД сите пријавени СДСМ на конгресот закажан за 3 март ќе го избере кандидатот за претседател. Сите заинтересирани имаат две недели да се пријавата во СДСМ.

Предходно ВМРО – ДПМНЕ на 16 февруари веќе ќе го знае својот кандидат.

Интересно е што СДСМ во својот оглас не бара кандидати за претседател на Северна Македонија туку на Република Македонија иако земјата формално веќе го промени името.

„Да биде личност која на најдобар начин ќе ја оживотворува политиката на СДСМ и ќе работи на реализација на стратешките приоритети на Република Македонија: полноправно членство во НАТО и ЕУ, како и меѓународна афирмација и промоција на Република Македонија“, пишува во јавниот оглас на СДСМ.