Борисов: Бугарија ќе побара од ЕУ да нема царини со Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов по денешната средба со својот македонски колега Зоран Заев во Софија откри дека Бугарија ќе побара од Европска унија укинување на царините меѓу двете земји.



„Зборувавме со колегите министри за финансии да работиме за нула ставки во царинските тарифи меѓу двете држави. Стоковната размена меѓу Бугарија и Македонија сега е 605 милиони евра и ќе видите дека ќе надминеме милијарда евра, бидејќи многу фирми имаат интерес да инвестираат“, изјави Борисов.

Во рамките на посетата на Софија министрите Асаф Адеми и Боил Банов потпишаа Програма за соработка во областа на културата до 2021 година. Претходно, заеднички беше чествувана 147-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, при што двајцата министри положија свежо цвеќе пред неговиот споменик во Борисовата градина.