Во грабеж кој наликувал на сцена од филм, маскирани вооружени разбојници ограбиле експозитура на „Халкбанк“ на Качанички пат кон Визбегово.
Вооружени со „калашникови“, разбојниците ги принудиле вработенуите да легнат на под и одзеле непозната сума пари, бегајќи потоа од местото со автомобил.
Скопската полиција, веднаш откако бил пријавен грабежот, почна интензивна потрага по разбојниците.




