Од новинарот на ТВ Телмa, Ивор Мицковски, било побарано да замине од ТВ Телма, а причните според бројните коментари на социјалните мрежи, наводно, се неговите статуси на Фејсбук и на Твитер во кои тој критички ги опсервира политичките и општествените случувања во земјата.
Директорт на ТВ Телма, вели дека не се работи за отказ туку за одлука на новинарот сам да ја напушти Редакцијата.
„Ивор Мицковски во Телевизија беше хонорарно ангажиран, никогаш не бил вработен во ‘Телма’. По разговор со одговорен уредник на телевизијата на Ивор му е посочено само повеќе да се ангажира како новинар, односно да одговори на задачите кои се очекуваат од него. Неговото заминување од телевизијата нема никаква политичка позадина. Тој сам одлучи понатаму повеќе да не работи во нашиот медиум и ја напушти „Телма“. За Ивор имам само високо мислење и со него секогаш сум постапувал како со свое дете“, вели за „Република“ Атанас Кировски.
Новинарот Мицковски на неговиот Фејсбук профил дава сосема спротивно гледање на случајот од директорот на „Телма“.
„Тешко наоѓам зборови во моментов затоа што сум
ставен во позиција да се правдам и покрај неправдата што ми се нанесува, и
лагата која е толку дрско изречена на моја штета дека сам сум одлучил да си
заминам од Телма или дека ми било само посочено повеќе да се ангажирам.
За жал ставен сум во таква неблагодарна позиција.
Кај сум оштетен, уште пробуваат будала да ме направат.
Изјавата на директорот што се појави денес во некои медиуми, (каде притоа не е
побаран мојот став), дир…






