Мицотакис најавува блокади за Македонија кон ЕУ

Поглавјата за европската интеграција на Скопје ниту ќе се отворат, ниту ќе се затворат, ако претходно не се задоволат позициите на Грција, порача лидерот на опозициската Неа демократи Кирјакос Мицотакис.



На синоќешниот митинг во градот Ламија, тој се закани дека ќе ги искористи сите дипломатски средства за да ги „ублажи последиците“ од Преспанскиот договор и да го попречи патот на Македонија кон ЕУ.

„Ќе го искористам секое правно и дипломатско средство за ублажување на негативните последици од Преспа. И не го испуштам правото на вето за секое поглавје што ќе се однесува на интеграција на Скопје во Европската унија. За земјата да влезе во Европската унија постојат 35 поглавја, за кои е потребно одобрение, на почеток за да се отворат и на крај за да се затворат. Овие 35 поглавја мора да се завршат за да оди напред европската интеграција на Скопје. Тие ниту ќе се отворат, ниту ќе се затворат, ако претходно не се задоволат позициите на Грција“, порача Мицотакис како што пренесува „МИА“.